Ќе прими ли Рама припадници на ИД во својата земја?
Официјална Тирана демантираше дека Владата има проект за изградба на камп за прифаќање на поранешни припадници на Исламска држава од балканските земји кои ќе се вратат од Сирија и Ирак.
Владата во Тирана објаснува дека фразата која ја изрекол бугарскиот премиер Бојко Борисов во Тирана, нема врска со контекстот бидејќи, како што велат, се мисли на изградба на Центар за кординација против насилниот екстремизам.
„Албанија има предложено овој Центар да има регионален карактер каде би се подготвувале анализи, оценки, студии, размена на информации и заеднички програми против насилниот екстремизам. Но, овој центар никому не паѓа на памет да биде центар за прифаќање на поранешни борци на ИД“- се наведува во реакцијата на албанската влада.
Советникот за безбадност при Владата на Албанија, Сандер Леши, кажа дека станува збор за лажни вести кои имаат за цел да провоцираат, затоа што не постои некаков проект ниту идеја за изградба на таков камп.
