Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе претрпиме големи последици поради кризата

Ќе претрпиме големи последици поради кризата

Народната банка на Македонија процени раст на македонскиот бруто домашен производ во оваа година на 2,3 отсто.

Централната банка во април излезе со „песимистичко“ и „оптимистичко“ сценарио за раст на економијата кои во обзир ги земаа двете можности за развој на политичката криза, првата да продолжи, а втората можност беше политичарите да се договорат за одржување на изборите.

Тогаш оптимистичката проценка на НБМ беше раст на БДП од 3,5 отсто.

„Оваа година инвестициите потфрлија и тоа е причина зошто имаме помалку остварено од ова основно сценарио, додека извозот, како што очекувавме, претрпе некои големи последици поради политичката криза“, рече гувернерот на централната банка Димитар Богов.

Според неговите зборови, НБМ во наредните две години очекува забрзување на економскиот раст чии резултат ќе биде стабилизација на политичката ситуација.

Проценката е дека БДП во 2017 ќе порасне за 3,5 отсто, а во 2018 се очекува раст од 3,7 отсто.

Слично

Поврзани вести