Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе претрпат ли даноците и ДДВ-то измени?

Ќе претрпат ли даноците и ДДВ-то измени?

„Каква било измена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и стопанството“- ова денеска го напомена вицепремиерот Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање.

Вицепремиерот потенцира дека промената на даноците нема да биде на штета на граѓаните и бизнисите и истата нема да се случи без поширока расправа.

„Било каква измена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството на Република Македонија. Значи нема да се случи без поширока расправа, и за таа и медиумите и граѓаните и стопанствениците ќе бидат навремено информирани“, појаснува Анѓушев.

Инаку дел од медиумите посочуваат дека најверојатно до крајот на годинава ќе се утврдува дали и за колку би се сменил персоналниот данок на дохот а Владата потврдува и дека се разгледува промена на дел од даночната политика.

Слично

Поврзани вести