Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Залихите се трошат – доаѓа ценовно цунами!

ЌЕ ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Залихите се трошат – доаѓа ценовно цунами!

ЌЕ ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Залихите се трошат – доаѓа ценовно цунами!

Наспроти очекувањата за побавен раст на цената на нафтата, сега, според новите проекции на Народната банка, на истекот од годинава и со почетокот на 2017 годдина се очекува позасилен раст на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Македонија, според постоечката методологија, освен во однос на курсот на денарот во однос на доларот, цената на енергенсите на домашниот пазар ја гради и врз основа на цената на нафтата на светскиот пазар.

“Очекувањата се дека повеќегодишниот пад ќе биде прекинат во четвртиот квартал, кога цената на нафтата ќе започне да се зголемува на годишна основа, и тоа посилно отколку во априлската проекција. Ваквите промени во проекцијата во најголем дел се поврзуваат со присутните сигнали за постепено врамнотежување на понудата и побарувачката на нафта во втората половина од годината и особено со потенцијалните последици од постигнатиот договор за намалување на производството од страна на земјите членки на ОПЕК и можноста за приклучување кон договорот и на некои земји коишто не се членки на ОПЕК. Како резултат на сето ова, во 2016 година се очекува малку понизок годишен пад на цената на нафтата во споредба со априлската проекција, иако тој и натаму ќе биде значителен“, се нотира во новиот Извештај на Народната банка,

Позасилен раст на цената на нафтата се очекува наскоро, со почетокот на 2017 година а овој тренд, според економските проценки на НБМ, ќе продолжи и во 2018 година.

“Наспроти ова, во 2017 година се очекува позабрзано намалување на глобалните нафтени залихи и можно поскоро исцрпување на вишокот на понуда на пазарот како резултат на договорот на ОПЕК, што би довело до малку повисок раст на цената на нафтата од априлската проекција. Цената на нафтата ќе расте и во 2018 година, но поумерено во споредба со 2017 година. Во номинални износи, се предвидува дека цената на нафтата, во просек, ќе изнесува 38,9 евра/барел во 2016 година, 45,7 евра/барел во 2017 година и 47,6 евра/барел во 2018 година“, посочува Народната банка во објевениот ноемвриски извештај.

На домашен терен, уделот на енергенсите , вклучувајќи ја и нафтата односно нафтените деривати,  имаат значителен трошковен  удел во производството. Вообичаено, дел од компаниите при поголем пораст на дериватите ги корегираат цените во нагорна линија, но речиси никогаш при пад на цените, не се намалувааt цените на финалните производи и услуги. Но дел од индустриите неретко, при поскапување на нафтените деривати се воздржуваaт од ценовни корекции за да не предизвикаат намалена побарувачка за производи и услуги.   


Слично

Поврзани вести