Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПОСКАПИ ЛИ СТРУЈАТА?

ЌЕ ПОСКАПИ ЛИ СТРУЈАТА?

По зголемените акцизи на дизел горивата ќе дочекаме ли акцизи на струјата, природниот гас, јагленот, лигнитот и коксот?

Од доброупатени извори “Фактор“ дознава дека тоа го има на ум Царинската управа. 

Дознаваме дека Царинската управа ги поканила фирмите кои се во бизнисот со енергенси на консултации околу новата акциза која се подготвува да се пресметува на струја, природен гас и тврди горива.

Во моментов државата наплаќа акциза на течните горива: дизели, бензини, нафта за домаќинството а се подготвува закон во кој користење струјата, природниот гас, лигнитот и коксот ќе бидат акцизни стоки.

 “Фактор“ е во очекување на одговори по доставени прашања до Царинската управа во однос на погореспомнатата тема.


Слично

Поврзани вести