Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе поскапат ли техничките апарати заради такса за отпад?

Ќе поскапат ли техничките апарати заради такса за отпад?
Електричните апарати за домаќинство, телевизорите, компјутерите можат да поскапат од Нова година, како резултат на новите обврски што ги имаат увозниците и производителите на бела техника со новиот Закон за управување со отпад. Законот им наложува самите да го собираат електронскиот отпад, да ангажираат лиценцирана компанија за тоа или да формираат заедничка компанија која ќе се грижи за тоа. „Тие имаат обврска да бидат регистрирани во МЖСПП. Врз основа на тој регистар од наредната година производителите ќе треба да платат одреден надомест за производите кои што се увезени или произведени во Македонија“, објаснува раководителот на секторот за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Каранфилова-Мазневска. Токму оваа давачка може да ја зголеми цената на електричните апарати. При купување на апарати, законот предвидува и замена на стариот дотраен модел со нов. Граѓаните ќе можат да предадат само неоштетени електрични апарати и електронска опрема. За оштетените ќе треба самите да се погрижат.  
Слично

Поврзани вести