Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе помине ли со лесна казна „Дојче Банка“ за сомнителните трансакции со Русија?

Ќе помине ли со лесна казна „Дојче Банка“ за сомнителните трансакции со Русија?

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“ може да избегне казна во врска со скандалот во Русија, иако истрагата на нејзините сомнителни операции продолжува, пишува "Зидојче цајтунг". 

Федералното министерство за надзор на финансискиот сектор  Germaniq (Bafin) не пронашол докази и само ќе се ограничи со препораки насочени кон подобрување на ризик менаџментот, пишува весникот без да ги открива своите извори на информации. 

Претставници на Bafin и Deutsche Bank одбиле да коментираат. Бидејќи други финансиски институции немале слични проблеми, тешко може да се предвиди што ќе биде со казната на банката. 

Но претпазливи проценки дозволуваат глоба за милијарди.

Истрагата на т.н. огледални трансакции со хартии од вредност кои ги вршел рускиот огранок на Deutsche Bank, продолжува да е во видното поле на британските и американските финансиски органи. Слични трансакции најверојатно дозволиле да се движат надвор од Русија околу 10 милијарди долари на руски клиенти фатени под ударот на санкциите воведени по пристапувањето на Крим. 

Според агенција Bloomberg станува збор за блиски лица до рускиот претседател Владимир Путин, вклучувајќи ги браќата Аркадиј и Борис Ротенберг.

Слично

Поврзани вести