Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе остане ли Македонија без гувернер се до нови претседателски избори?

Ќе остане ли Македонија без гувернер се до нови претседателски избори?

Назначувањето на нов гувернер на НБРМ откако на актуелниот Димитар Богов ќе му истече мандат за нешто повеќе од месец дена е доведено во прашање поради затегнатите односи меѓу претседателот Иванов и владата на премиерот Заев. Предлогот за нов гувернер мора да дојде од кабинетот на претседателот на државата, но поради политички несогласување новиот предводник на оваа институција задолжена за монетарната политика може да се одложи се додека не поминат претседателските избори кои е предвидено да се одржат наредната година.

Такво сценарио гледа заменик министерот за економија Кире Наумов. 

„Најдобро решение е да нема гувернер во наредните неколку месеци, додека не се избере нов претседател на државата на фер и демократски избори. Отсуството на гувернер нема да се почувствува никаде. Впрочем, затоа и законодавецот пропишал неколку вицегувернери кои во наредните неколку месеци остануваат во полн капацитет“ напиша Наумов на социјалните мрежи.

Од Централната банка не сакаат да ги коментираат ваквите шпекулации. Велат дека гувернерот ја врши една од најодговорните функции во државата и до сега не се случило Македонија да остане без гувернер.


Слично

Поврзани вести