Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА НА 70 ГОДИНИ: Европска земја ја зголемува старосната граница

ЌЕ ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА НА 70 ГОДИНИ: Европска земја ја зголемува старосната граница

Данците подоцна ќе одат во пензија. 

Данскиот парламент го усвои зголемувањето на старосната граница за одење во пензија на 70 години од 2040 година. Тоа е највисоката стапка во Европа.

Од 2006, Данска ја врзува старосната граница за пензија со очекуваниот животен век, што се ревидира на секои пет години. Сега се оди во пензија на 67 години, но таа граница ќе се зголеми на 68 години во 2030, односно на 69 години во 2035. Новата одлука ќе важи за сите оние кои се родени по 31 декември 1970 година. 

Претседателот на Данската унија на синдикати Јеспер Етруп Расмусен изјави дека последното зголемување е нефер.

„Данска има здрава економија, но и најголема старосна граница за пензионирање во ЕУ. Тоа значи дека луѓето ќе изгубат право на достоинствен пензионерски живот“, рече Расмусен.

Неколку европски земји веќе ја зголемија границата за пензионорање. За истата опција размислуваат и словенечките власти. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести