Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ „НИКНАТ“ НОВИ 646 СТАНОВИ - најголем број одобренија за градба се издадени во Југоисточниот регион

ЌЕ „НИКНАТ“ НОВИ 646 СТАНОВИ - најголем број одобренија за градба се издадени во Југоисточниот регион

Во  август годинава издададени се 280 одобренија за градење, што е за 1,8 проценти повеќе во однос на август минатата година. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба, објави Државниот завод за статистика. 

Најмногу одобренија за градење се издадени во југоисточниот е регионот  - 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46 одобренија за градба. 

Со нив е предвидено дека ќе бидат изградени 646 станови, а според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.241.279.000 денари, што е за 8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11,1 процент) за нискоградба и  70 (25 проценти) за објекти за реконструкција. На 166 (59,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40,7  проценти) инвеститори се деловни субјекти. 

Предвидените 646 станови за изградба во извештајниот период се со вкупна корисна површина од  64.251 метри квадратни. Кај вкупниот број на станови во август годинава има зголемување за 21, 7 проценти во однос на август лани, а кај вкупната корисна површина за 22 проценти. 

Одбренијата за градење во август покажуваат дека во Југоисточниот регион ќе се градат 267 станови, 232 во Југозападниот, 58 во Полошкиот, по 30 во Скопскиот и во Пелагонискиот, 22 во Вардарскиот, седум во Источниот а ниту еден во Североисточниот регион.

Слично

Поврзани вести