Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе „никнат“ ли бази на НАТО и САД во Албанија?

Ќе „никнат“ ли бази на НАТО и САД во Албанија?

Соседна Албанија се понудила за отворање воени бази на НАТО-алијансата и САД на нивна територија. 

Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на Албанија, Петро Кочи. Кочи во интервју за весникот „СОТ“ нагласува дека Албанија нуди и поддржува изградба на воени бази на своја тероторија за НАТО и САД.

„Албанија во НАТО не е само за бројка, туку рамноправна членка и исто така е силна поддршка на Алијансата“- вели албанскиот заменик-минитсер за одбрана и додаде дека за Албанија парнтер број еден се САД.

Објаснува дека како членка на НАТО  во интерес на алијансата е во Албанија да има воена база бидејќи тоа е и во интерес на националната безбедност на државата.

„Понудата упатена до НАТО и САД е политичка и сега очекуваме да добиеме одговор за изградба на воени бази“- нагласува Кочи за весникот „Сот“.

Во врска со влијанието на Русија во Западен Балкан, Кочи вели дека Русија се обидува Балканот да го користи против Европа.

Слично

Поврзани вести