Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ НАСТРАДА СРЕДНАТА КЛАСА: Пандемијата ќе втурне во сиромаштија 400.000 луѓе од Западен Балкан

ЌЕ НАСТРАДА СРЕДНАТА КЛАСА: Пандемијата ќе втурне во сиромаштија 400.000 луѓе од Западен Балкан

Пандемијата на Ковид - 19 ќе доведе на Западен Балкан да има уште 400.000 сиромашни. 

Ова го прогнозира Светската банка. Авторите на истражувањето објаснуваат уште во редовниот економски извештај за регионот од есента 2019 година дека економиите на Западен Балкан се соочуваат со многу ризици, поради очекуваниот пад на стапката на растот на глобално и на регионално ниво.  Аналитичарите истакнуваат дека е сигурно дека на Западен Балкан ќе дојде до згаснување на многу работни места. Најпогодена ќе биде средната класа.

Се проценува дека работниците од неформалниот сектор ќе останат без работа, и нема да можат да ги остварат правата од социјалната заштита. 

Но, не е само регионот. 

Пандемијата скапо ќе ја чини и Италија, каде половина милион луѓе ќе останат без работа. 

Германија е во рецесија, а и Франција не може да се пофали со добар економски раст.


Слично

Поврзани вести