Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ КУПИ ПАРИЗЕР И ЈОГУРТ И ЌЕ ПРАВИ СЕНДВИЧ СО ЧЕТВРТИНА ЛЕБ - Вучиќ има одговор за опозицијата која го исмева за новите мерки

ЌЕ КУПИ ПАРИЗЕР И ЈОГУРТ И ЌЕ ПРАВИ СЕНДВИЧ СО ЧЕТВРТИНА ЛЕБ - Вучиќ има одговор за опозицијата која го исмева за новите мерки

Александар Вучиќ, српски претседател, сака да покаже дека неговата власт се грижи за луѓето, а во името на тоа ќе купи заедно со своите колеги паризер и од него ќе направи сендвич со четвртина леб. 

Тој вели дека лично ќе купи паризер и јогурт за појадок, а тоа е всушност негов одговор до опозицијата и некои медиуми во таа држава, кои ги исмеваа и критикуваа новите мерки за намалување на цената на основните прехранбени производи кои се воведуваат.

Тој на самитот „Брдо-Бриони“ од Скопје порача:

– Баш ќе ги купам, и јогуртот што го претставивме и паризерот, лично ќе си го купам во среда. И ќе ги викнам Мали и Момировиќ. И ќе направиме сендвичи. Знаете како правевме како деца, во четвртина леб. Ќе земеме малку мајонез и ќе ставиме малку паризер и тоа ќе ни биде појадок – рече Вучиќ.

Српскиот претседател го објави истото и на својот Инстаграм-профил.

„Во среда лично ќе купам паризер и јогурт за појадок, а тие нека се смеат дека се грижиме за народот“, напиша Вучиќ.


Слично

Поврзани вести