Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ЈАДАТ ПОСКАПА ХРАНА: Ќе се вивнат цените на месото, зеленчукот, млекото

ЌЕ ЈАДАТ ПОСКАПА ХРАНА: Ќе се вивнат цените на месото, зеленчукот, млекото

Британците ќе јадат поскапа храна. 

Цената на храната во Велика Британија ќе се зголеми за 5% поради екстремните временски услови, oбјави весникот „Ивнинг стандард”.

Пролонгираното студено време и подоцнежниот бран на топлина, во текот на зимата и летото, ќе ги зголемат сметките за храна за околу 7,15 фунти месечно, објави Центарот за економски и деловни истражувања (Чебр).

Цената на месото, зеленчукот и млечните производи ќе порасне, предупредуваат економистите.

Екстремните временски услови се очекува да ги зголемат трошоците за британските потрошувачи во висина од 45 милиони фунти неделно.

Студениот бран на почетокот од годината имаше штетно влијание врз земјоделството, додека некои други гранки на индустријата се погодени од топлотниот бран во текот на летото.

Слично

Поврзани вести