Ќе ја смени ли ребалансот сликата: За девет месеци потрошени само третина од капиталните трошоци
Владата подготви ребаланс кој од понеделник ќе биде во собраниска процедура, а една од ставките кај која има промени се и капиталните трошоци. Расходите за капитални инвестиции беа на исклучително ниско ниво цела година, а според последните податоци кои Министерството за финансии ги објави денеска, до септември потрошени се само 27 отсто од капиталните трошоци кои се предвидени за годинава. Сумата која е ерализирана е во вкупна вредност од 107 милиони евра, а за годинава пред ребалансот за оваа намена беа предвидени 390 милиони евра.
Според пероекциите со ребалансот се кратат 91 милион евра од планираните инвестиции, а ќе нема пари за гасоводот и Клинички центар.
И со секој буџет претходно, први во ребалансот настрадуваа капиталните инвестиции. Сепак оваа година нивната реализација е на исклучително ниско ниво.
А.Т.
