Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе ја докрајчи ли дефлацијата ЕУ?

Ќе ја докрајчи ли дефлацијата ЕУ?

Инфлацијата во Германија во мај се намали на четири годишен минимум, а доста ниска е и во Шпанија и Италија, покажаа денеска податоците во Европа.

И тоа само недела дена откако Европската централна банка (ECB) покрена низа мерки за одбрана од  дефлацијата.

Германската инфлација минатиот месец се намали на 0,6 со 1,1 одсто од април, спуштајќи се на најниското ниво од февруари 2010, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Во Шпанија истовремено потрошувачките цени пораснале за околу 0,2 одсто, наведува тамошниот Завод за статистика. Во Италија инфлацијата намали на 0,1 од 0,4 одсто, додека во Финска изнесува 1 одсто. Во Португалија во мај е забележана инфлација од 0,3 одсто, во Ирска 0,4 одсто, а во Франција 0,8 одсто.

Првичните податоци на Европскиот завод за статистика покажуваат дека во монетарната унија инфлацијата во мај се намали на 0,2 од 0,5 одсто во април. Конечните податоци се очекуваат во понеделник.

Ниската инфлација во еврозоната ја зголемува грижата дека монетарната унија е на работ на дефлација. Иако падот на цената звучи како добра вест за потрошувачите, тоа всушност може да постигне одлагање на набавките и исчекување на додатен пад, што ја попречува потрошувачката и на целата економија.

Ваквите стравувања предизвикаа ЕЦБ минатата недела да ги снижи клучните каматни стапки и да започне серија на мерки насочени кон олабавување на монетарната политика.

Слично

Поврзани вести