Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе извиси ли кинеската Ексим банка за автопатот Oхрид-Kичево ?

Ќе извиси ли кинеската Ексим банка за автопатот Oхрид-Kичево ?

Капиталните инвестиции годинава ќе бидат подобри од претходната. Ова е ставот на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој вели дека интензитетот се зголеми и посериозно придвижување се очекува во втората половина од годинава.

Автопатот Oхрид-Kичево како еден од покрупните капитални проекти чека на одлуката на Ексим банка за понатамошно или стопирање на финансирањето а Анѓушев потврди дека токму финансирањето е спорно.

-Деновиве очекуваме информација во тој дел а доколку тие информации не стигнат, брзо ќе обезбедиме алтернативни начини на финансирање и патот ќе почне да се гради интензивно-посочи вицепремиерот од Охрид .

 Сепак нема промени кај рокот за реализација на проектот и тој останува до 2021 година.

Слично

Поврзани вести