Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИЗДРЖИ ЛИ ЕКОНОМИЈАТА: 500 илјади вработени издржуваат речиси 300 илјади пензионери!

ЌЕ ИЗДРЖИ ЛИ ЕКОНОМИЈАТА: 500 илјади вработени издржуваат речиси 300 илјади пензионери!
Во Македонија на 1.000 вработени има 549 пензионери. Или, тоа значи дека 1,8 вработени издржуваат еден пензионер, а овој сооднос помеѓу вработените и пензионерите е на исто ниво во последните три години, односно од 2011 година до крајот на 2013 година. При тоа овој сооднос е пресметан без корисниците на земјоелски и воени пензии, ако се премсетаат и тие тогаш соодносот е помал. „На крајот на минатата година, бројот на осигуреници за кои се плаќа придонес изнесува 485.567, или 92,2% од вкупниот број кој изнесува 526.909 осигуреници. Па така, соодносот меѓу осигурениците кои плаќаат придонес од работничко осигурување и вкупниот број на корисници на пензија кој изнесува 289.114 без воени и земјоделски пензии, е 1,6 вработен на еден корисник на пензија. Додека соодносот меѓу вкупниот број на осигуреници и корисниците на пензија изнесува 1,80 осигуреници на 1 корисник на пензија“, објаснуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. При тоа, највисок сооднос межу вработените и пензионерите имало во 1991 година. Тогаш 3 вработени издржувале еден пензионер. Или на 1.000 вработени имало 338 пензионери. Потоа следи тренд на постојано намалување на соодносот помеѓу вработените и пензионерите со тоа што во 1995 година веќе 2 вработени издржуваат еден пензионер. Или на 1.000  работени има 513 пензионери. Година                Број на вработени на еден корсник на пензија
  • 1991 година                            3,0
  • 1992 година                            2,7
  • 1993 година                            2,4
  • 1994 година                            2,2
  • 1995 година                            2,0
Трендот на намалување на соодносот продолжува и во следниот период се до 2005 година. Па така, во 1996 година има 1,8 вработени кои издржуваат 1 пензионер. Или на 1.000 вработени има 552 пензионери. Падот е со до 2005 година кога соодносот изнесува 1,3 вработени на еден пензионер или на 1000 вработени има 761 пензионери. Година          Број на вработени на еден корсник на пензија
  • 1996 година                                               1,8
  • 1997 година                                               1,7
  • 1998 и 1999  година                                  1,6
  • 2000 година                                               1,5
  • 2001 година                                               1,4
  • 2002, 2003, 2004, 2005 година                 1,3
Потоа од 2005 година соодносот почнува да оди во нагорна линија, со благ раст за на крајот на 2013 година да се врати на ниво како од 1996 година односно на 1,8 вработени да има еден пензионер. Односно на 1.000 вработени има 549 пензионери. Вработени и пензионери низ годините Бројот на пензионерите е во постојан пораст. Во 1991 година во земјава имало 180.749 пензионери, а годинава има  289.114 пензионери без воените и земјоделските пензии. Ако се вклучат и тие изнесува 291.821 корисници на пензија.             Број на пензионери
  • 1991 година                  180.749
  • 2013 година                  291.821 (заедно со воена и земјоделска пензија)
За разлика од бројот на пензионери, бројот на вработени доживува драстични промени. Односно, во 1991 година имало вкупно 538.887 вработени додека денска, односно на крајот на 2013 година има нешто помалку и бројот на вработените изнесува 526.909 вработени.   Број на вработени
  • 1991 година        538.887
  • 2013 година        526.909
Анализата на податоците покажува дека бројот на вработени доживува континуиран пад од осамостојувањето па се се до 2003 година. Односно, бројот на вработени во 1991 година е 538.887, а во 2003 година изнесува 321.105 вработени, и тоа е најмалата бројка на вработени регистрирана од независноста на Македонија.             Број на вработени
  • 1991 година        538.887
  • 2003 година        321.105
Потоа од 2004 година па до крајот на 2013 година е забележан нагорен тренд, односно се зголемува бројот на вработените за на крајот на минатата година да стигне приближно на исто ниво како од 1991 година кога е регистрирана и најголмата бројка на вработени. Број на вработени
  • 2004 година                  348.212
  • 2013 година                  526.909
Бројот на регистрирани осигуреници во декември 2013 година изнесува 526.909 осигуреници, и истиот во споредба со бројот на осигурениците во декември 2012 година од 507.061 е зголемен за 19.848 осигуреници, а бројот на осигуреници за кои се плаќа придонес е зголемен од 458.180 во 2012 година на 485.567 осигуреници во декември 2013 година, или повеќе за 6,0%. . „Од вкупниот број на осигуреници во 2013 година, 79.299 осигуреници се мажи и 61.107 жени на возраст од 40-50 години, а од 50-60 годишна возраст бројот на осигуреници мажи изнесува 68.389 и жени 44.871. Од анализираните податоци произлегува дека бројот на корисниците на пензија се очекува да бележи пораст во идниот период, објаснуваат од Фондот за пензиско. Компании и вработени На крајот на минатата година имало вкупно 70.464 обврзници односно компании. А во нив се вработени 526.909 луѓе. Најголем дел од вработени и фирмите се во главниот град. „Од вкупно 70.464 обврзници, на територијата на град Скопје се 25.797, или 36,6%, а од вкупно 526.909 осигуреници, во Скопје се регистирани 260.904 или 49,5%, објаснуваат од Фондот. Според бројот на вработените, следуваат Битола, Тетово, Штип, Куманово и Прилеп, градови во кои има од 20.000 дио 30.000 вработени. Потоа Струмица, Охрид, Гостивар, Велес, Кавадарци и Гевгелија каде има од 10.000 до 20.000 вработени. Во сите останати градови се вработени помалку од 10.000. Вработени и фирми по градови обврзници                   осигуреници
  • Скопје                      25.797                 260.904
  • Битола                                 4.098                   27.203
  • Тетово                        4.496                  24.034
  • Штип                          1.877                  21.024
  • Купаново                    3.645                    20.956
  • Прилеп                       3.260                    20.118
  • Струмица                   3.082                    19.235
  • Охрид                           2.570                         15.598
  • Гостивар                      3.085                 12.201
  • Велес                          1.928                    12.100
  • Кавадарци                           1.650                    11.253
  • Гевгелија                     1.501                     10.221
С.Н.
Слично

Поврзани вести