Ќе има нови санкции за Русија
Eвропската Унија (ЕУ) ќе воведе нови санкции за Русија.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги осуди злосторствата кои руските сили ги извршија во предградијата на украинскиот главен град Киев и вети дека ќе има нови санкции кон Русија. Вели дека ЕУ помага за собирање на докази за гонење пред меѓународните судови.
„Шокиран сум од прогонувачките слики од злосторствата извршени од руската армија во ослободениот регион Киев“, напиша Мишел на Твитер.
Направен е геноцид, одговорен е Путин, вели киевскиот градоначалник Виталиј Кличко.
Тој зборуваше за Буча, каде беа најдени тела по улиците и масовна гробница со скоро 300 тела.Екс главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.
Слично
