Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

За изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце, односно за избор на изведувач, ќе се почека уште некое време, откако тендерот беше поништен бидејќи понудата од единствениот конкурент била многу скапа и цената го надминувала предвидениот буџет.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ најавуваат дека во наредните денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри.

Со изградбата на овој автопат треба да биде комплетиран Коридорот 10 низ Македонија, а треба да чини 110 милиони евра и да се гради до 2023.

Во периодот април – јуни догодина ќе биде изработена проектната документација за втората етапа од автопатот, по што ќе се распише тендер и за нејзината изградба.



Слично

Поврзани вести