Ќе има ли вработувања и за лицата со интелектуална попреченост?
Лицата со интелектуална попреченост сеуште живеат на маргините на општеството. Незадоволни од третманот на институциите и социјално скоро исклучени, прашуваат дали ќе има исчекор за нив со новите вработувања кои ги најави Владата? Огласот за вработување кој од вчера е објавен во медиумите е надеж за нив дека можеби барем некое од овие лица ќе успее да стигне до работно место. Но, на терен сликата е многу поинаква. Близу 20 000 лица со интелектуална попреченост заедно со нивните семејства секојдневно се борат со предрасудите кои сеуште постојат за нив. Од Републичкиот центар за подршка на лицата со интелектуална попреченост “Порака”, велат дека долго време се борат со бирократските процедури за остварување на своите права.
Социјално исклучени, образовно докрај нереализирани проекти
Извештајот за истражувањето околу состојбите и имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, подготвен од активистите на “Порака”, вели дека, лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства се една од најмаргинализираните групи во општеството, соочувајќи се со сиромаштија, недостапност за вработување и социјално исклучување од општествените текови. Потребни се законски решенија кои ќе овозможат бесплатна здравствена заштита , лекување, третмани и лекови за сите лица со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста, а по основ на нивната неспособност за самостоен живот и работа-се вели во Извештајот на невладината организација” Порака”.
“Овие лица секогаш се соочуваат со голем број на проблеми почнувајќи со образованието кое 20 години се зборува дека е инклузивно образование, меѓутоа сето тоа останува зацртано, не се прави ништо за да навистина ги вклучиме во образовниот процес. Не се работи со наставниците, нема вработување на дефектолози, луѓе кои треба да ги обучат и да им помогната на редовните наставници и професори, не се работи со родителите бидејќи тоа е процес, не можете вие да го пуштите детето од ваков тип, лице со интелектуална попреченост да се снаоѓа и учителот и наставникот . Има проблеми и во социјалната сфера бидејќи новиот закон, јас го поздравувам тоа што згрижувачките семејства добија некоја повисока сума за издржување на овие лица, но се прашувам зошто ги казнуваат биолошките родители, луѓето кои ги родиле тие деца, дали ќе чекаме да ги исцрпиме финансиски, физички, секако, да ги вратат во институција па потоа даги враќаме и да ги даваме на згрижувачките семејства.Навистина е исклучително тешко да се борите со проблемите кои ги имаат родителите со вакви деца”- вели Чедомир Трајковски, претседател на Републичкиот центар за подршка на лицата со интелектуална попреченост “Порака”.
Во последните неколку години во рамките на реформскиот процес за инклузија-вклучување на децата со интелектуална попреченост во редовниот образовен систем, во неколку општини се превземаат иницијативи за ангажирање на мобилни дефектолози во редовните училишта како подршка на децата со посебни образовни потреби со цел полесно да се вклучат во наставната програма. Наставниците во редовните училишта немаат соодветна обука за работа со овие деца, па затоа се соочуваат со потешкотии во водењето на наставата и редот меѓу учениците кога имаат дете со посебни образовни потреби.
Интелектуалната попреченост не е болест, туку состојба!
Разграничувањето на интелектуалната попреченост од менталната болест во Република Македонија е долгорочен процес кој е суштински за остварување на правата и потребите-потенцираат од невладината Порака.
Родителите на лицата со интелектуална попреченост над 26 годишна возраст, реагираат дека основен проблем е селективниот пристап во обезбедувањето на бесплатната здравствена заштита, лекување, третмани и лекови за одредена возрасна група на ваквите лица. Моменталното решение, застапено со Законот за здравствено осигурување, обезбедува ослободување од учество при користење на здравствени услуги само за деца, односно лица со интелектуална попреченост, но само до 26 години. Но што потоа, кога нивните потреби се зголемуваат, а не се намалуваат?
“Здравството е исто така еден од проблемите, бидејќи има некоја одлука на Владата со која овие лица со интелектуална попреченост до 26 години, но што после, тие полнат 27 години и имаат уште повеќе проблеми. Ништо не се менува, тие не се болни, тоа е состојба кај нив, нешто што се случува во еден миг, или е хромозомска аномалија или е друг процес кој ќе трае додека се тие живи. Потребата од нивно лекување трае до крајот на животот, а дури во поодминатите години дури и повеќе. Затоа не гледам зошто таа здравствена бенефиција да е само до 26 години.
Додатокот за мобилност кој сега го воведува од минатата година министерството за труд и социјална политика и за слепите лчица и за телесните инвалиди, и во една од клаузулите се вклучени и лицата со интелектуална попреченост, меѓутоа врзани за количка. Тоа се телесни инвалиди. Нашите членови не се во количка, имаат интелектуална попреченост и ако ги пуштите тие не знаат кај да одат и мора да бидат во присуство со некој од родителите, дури и повеќе од другите. Не велам дека е мал проблемот на слепите, глувонемите или телесните инвалиди но за овие лица е потребна 24 часовна грижа деноноќно од родителите. Не располагаме сеуште со официјална бројка, знаете во ова општество, сеуште постојат предрасуди, голем дел од семејствата сеуште ги кријат овие деца, има и такви лица, ние сеуште сме на тој степен да одредени семејства не ги прикажуваат децата, дел од нив заради остварување на своите права се пријавуваат во организациите, во центрите за социјална работа-вели Трајковски од “Порака” , кој е и родител на дете со интелектуална попреченост.
Лицата со интелектуална попреченост тешко стигнуваат до работно место!
Иако постои можност за вработување на лицата со потежок степен на интелектуална попреченост, истите многу ретко се вклучени во работниот процес. Во Македонија, според невладиниот сектор недостасуваат центри за работно оспособување и обука и создавање на работни вештини. Работното опкружување не е технички прилагодено и опремено за да одговара на потребите на лицата со интелектуална попреченост. Системот за социјална заштита не обезбедува доволно подршка, како финансиски надоместоци за да се задоволат потребите на овие лица кои живеат со своите семејства.
“Фирмите ги вработуваат дел од нив, најчесто оние со лесна интелектуална попреченост, оние кои се работоспособни, меѓутоа имаме многу забелешки на начинот на вработување на овие лица бидејќи има многу злоупотреба од работодавачите. Ги користат бенефициите, 24 плати, адаптација на работно место тоа што го добиваат од државата па потоа велат дека тие не им требаат и не им се корисни во работниот процес, ги оставаат дома а им даваат по некои 3 000 денари само за да останат сеуште пријавени за да го задржат сеуште тој законски минимум од нивно држење. Не е важно дали тие лица примаат некакви средства, за нас е важна нивната инклузија која е и еден вид терапија во сите општествени сегменти, не е само да добие средства, треба да се дружи, да се социјализира и да се вклопи во општеството, а тоа ќе го постигне ако се вклучат во работниот процес. Владата најави вработување на лица со попреченост но за лица со попреченост, тоа не е само за лица со интелектуална попреченост, туку за сите видови на попреченост како слепите, глувите, телесните инвалиди. Лицата со интелектуална попреченост најмалку се вклучуваат бидејќи сите ги избегнуваат, полесно се вклопуваат глувите или телесните инвалиди кои можат да работа други специфични работи, ако процесот не бара движење и сл. Лицата со лесна интелектуална попреченост можат да работат, но сепак ретко ги вклучуваат” -потенцира претседателот на Порака.
Порака порачува да не се забораваат лицата со интелектуална попреченост!
Според статистичките податоци на Светската здравствена организација, 1 до 3 отсто од вкупната популација се лица со интелектуална попреченост. Во Република Македонија не постојат точни статистички податоци за нивниот број. Ги има околу 20 000 лица-бројки поткрепени од статистичките прегледи кои ги опфаќаат лицата со интелектуална попреченост како корисници на одредена социјална помош, но тие не даваат целосна, ниту приближна слика за животот на оваа сеуште официјално непозната бројка на граѓани, бидејќи, пак дел од нив не користат никакви права од социјалната заштита.
С.Б.

Слично