Ќе има ли ребаланс на буџет и кога?
Ребаланс на буџетот за оваа година е неопходен, порачуваат експертите, но тој ќе мора да чека на разврска на политичката криза, бидејќи ваков документ мора да се брани и да биде изгласан од Собранието, кое се уште не е конституирано, објави Телма.
Познавачите коментираат дека во изминатите неколку години корекциите на државната каса се случуваа кон средината на годината, но веќе во овој период Министерството за финансии ги испраќаше циркуларите до сите буџетски корисници, каде што тие ги наведуваат своите буџетски потреби. Годинава истото ќе зависи од политичката разврска, што ќе овозможи новата Влада да ја согледа реалната состојба со јавните финансии.
За 2017 година, Владата предвиде раст на економијата од 3%, но веќе е сигурно дека тој нема да може да се оствари. Светска банка ги намали прогнозите на 2,8%, но само доколку политичките турбуленции се расчистат во првата половина од годинава.
