Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли правна разврска на случајот што го обелодени Заев?

Ќе има ли правна разврска на случајот што го обелодени Заев?
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев очекува правен епилог на објавената снимка поврзана со продажбата на Македонска банка. Тој ова го изјави во интервју за радио Слободна Европа. „Правен епилог се разбира, законот и Уставот е јасен, одговорност мора да има, правен епилог мора да има и за оние материјали кои порано ги објавувавме, а институциите велат дека работат на тоа, а очекуваат најверојатно граѓаните да заборават на тоа, но ние нема да заборавиме. Опозицијата има задача тоа да го обелоденува постојано и да прави притисок врз институциите да го процесуираат до крај, а за ова каде што е инволвиран врвот на власта, премиерот лично, апсолутно нема дилеми дека тоа мора да биде истуркано до самиот крај“, вели Заев. Претходно за Фактор, и експертите порачаа дека мора да има разврска на случајот „АЛО, НИНИ“. „Сите треба да бидат подготвени да сносат одговорност, и оние кои се повикани дека го кршат законот (власта), ако се докаже дека тоа е така, но и оние кои ја обелоденија снимката (опозицијата) ако се докаже дека не е веродостојна, сметаат најголем дел од експертите кои ги праша Фактор. За некои е монтажа, на други им наликува веродостојна, но повеќето се согласуваат дека автентичноста ќе мора да се провери“, пишиува во анализата на ФАКТОР, која може да ја прочитате ТУКА. Инаку, Д-р Слободан Јовичиќ , шеф на лабораторијата за судска Фонетика и Акустика во Центарот за подобрување на животот активности во Белград, единствена независна лабораторија од овој вид во Србија, во интервју за весникот Политика, неодамна објасни каква е постапката за препознавање на глас врз основа на снимен разговор. Според него форензичарите тоа можат да го направат прилично брзо. Преведениот текст може да го прочитате ТУКА.
Слично

Поврзани вести