ЌЕ ИМА ЛИ ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ: Од септември овие институции почнуваат со двосменско работење
Двосменско работење од септември во државните управи и повеќе институции.
УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени.
Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот а ќе се работи и првата сабота од месецот но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.
Овие реформи со флексибилно работно време владата ги спроведува со цел да им излезе пресрет на граѓаните, односно овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се прилагодат на работното време на градинките и училишните установи.
Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.
