Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли окрупнување на телекомуникацискиот пазар?

Ќе има ли окрупнување на телекомуникацискиот пазар?
По намалување на цената за интерконекција на големо на продажните цени за 70%, сите три мобилни оператори во земјава прикажаа намалување на приходите. Еве што покажуваат финасиските извештаи на компаниите. Македонски Телеком и Т-мобиле (Т груп), ОНЕ ( Телеком Словенија)  и Вип (Телеком Австрија), падот на приходите не е мал. Приходите на Т мобил и Телеком, во првата половина на 2014 година изнесувале 87 милиони евра додека во првата половина на 2013 година приходите од истите услуги остварени на македонскиот пазар изнесувале 110 милиони евра. Бројките, практично прикажуваат пад на приходите од продажба за 26,70%. Поделено по тип на услуги, падот на приходите за услуги од мобилната телефонија се намалиле за 17.20% и во првата половина на 2014 година изнесувале 48 милиони евра, додека истиот период 2013 приходите остварени по истиот основ на македонскиот пазар изнесувале 58 милиони евра. Во првата половина од годината Македонски Телеком остварил приходи од 39 милиони евра, додека минатата година истиот период, приходите изнесувале 43,1 милион евра, односно помалку за 9,5%. Истиот тренд се забележува и кај другите два оператори. Вип оператор бележи пад на приходите за 12,40%. Приходите во првата половина на годината што ги остварил Вип оператор изнесуваат 27,8 милиони евра, според финансискиот извештај. Истиот период лани компанијата има приходи од 31,7 милиони евра. И мобилниот оператор ОНЕ бележи пад на приходите. Во првата половина од годинава ОНЕ остварил 36,8 милиони евра приходи, додека истиот период лани остварените приходи изнесувале 40,4 милиони, што е пад за 8,9%. Иако овие мерки се правдаат со пониски цени за корисниците, кои на краток рок нудат пониски цени во малопродажба, сеапк се чини не даваат одржливост на долг рок. Операторите со ваков тренд на долг рок нема да можат да инвестираат во натамошен развој на своите услуги и во пазарот воопшто. Ваквиот надолен тренд во индустријата на телефонски комуникации е карактеристичен и во Европската унија како резултат на ригидните регулативи што во голема мерка влијае негативно на приходите на компаниите. Регулираните цени за терминација на повик во некои европски земји членки на ЕУ и некој земји кандидати има тенденција на намалување до 0 проценти. Ќе има ли окрупнување во телекомункацискиот бизнис? За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на консолидација на пазарите. Овој тренд е единственото решение за повеќето компании, кои освен што на тој начин обезбедуваат поголема продуктивност, овозможуваат и најновата технологија од светот на комуникациите да ја направат достапна за своите корисници. Овој тренд го потврдуваат бројни примери - во Холандија Т Мобиле го презема Оранге, со што на пазарот од 4  мобилни оператори сега оперираат 3 оператори. На уште поголемиот пазар во Велика Британија Т мобиле го презема Оранге и од 5 станаа 4 оператори, додека со преземањето на Е-плус од страна на О2 од 4 станаа 3 оператори. Македонија малку го чувствува тој тренд преку преземањето на кабелскиот оператор Близу од страна на Телеком Австрија групацијата, сопствени на Вип оператор. Како е во Македонија? Официјалните податоци покажуваат дека македонскиот пазар на електронски комуникации е прилично уситнет по број на оператори, но истовремено гледано по пазарна концетрација и уделот на приходите и профитот отпаѓа на најголемата компанија на пазарот Македонски телеком и Т - Мобиле. Иако според удел на пазарот, приход и профит Македонски телеком останува доминантен, ваквата ситуација на „истоштување“ на компаниите ги прави сите играчи незадоволни. Најпогодени се помалите оператори кои тешко се справуваат со падот на приходите. Но, на долг рок за сите „играчи“ на пазарот ситуацијата не е баш најсреќна, а нема да бидат ни корисниците каде што најверојатно ќе заврши „ударот“ на долг рок. На релативно мал пазар како што е македонскиот, оперираат три мобилни оператори и виртуелен мобилен оператор кој не успеа да ги заживее своите операции.  Сепак доминантниот дел и во приходи и пазарен удел на корисници го има Макеоднски Телеком и Т-Мобиле.  Според официјалните податоци на Агенцијата за електронски комуникации во првиот квартал од годинава 39 субјекти обезбедуваа услуги во фиксната телефонија за национален или меѓународен сообраќај. Доминантен во овој пазарен сегмент е Македонски телеком со 62,65% пазарен удел. Во мобилна телефонија  во првиот квартал од 2014 година се регистрирани четири субјекти на пазарот и во овој сегмент доминацијата ја има Т-Мобиле со 47.06% кориснички пазарен удел и 49,55% удел во приходи. Интернет услуги обезбедуваат 112 субјекти во првиот квартал од годинава, а најмногу корисници или најголем удел и во оваа област има Македонски телеком. И.М.
Слично

Поврзани вести