ЌЕ ИМА ЛИ ЕМБАРГО: Забраната на руската нафта на дневен ред на ЕУ
Цените на нафтата денеска пораснаа за три долари, при што Брент надмина 110 долари за барел, бидејќи земјите од Европската унија размислуваат да се приклучат на американското ембарго за увоз на руска нафта, а нападот врз саудиските нафтени погони во текот на викендот предизвика нервоза на пазарот.
Европската сурова нафта брент поскапе за 3,44 долари или 3,2 отсто, на 111,37 долари за барел во азиската трговија до 4:43 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта WTI поскапе за 3,54 долари или 3, 4 отсто, на 108,24 долари за барел, пренесува Ројтерс.
За ваквото движење на цените придонесе и информацијата дека оваа недела ќе следат состаноци на самит меѓу владите на Европската унија и американскиот претседател Џо Бајден со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва поради нападот врз Украина при што ЕУ ќе дискутира дали да воведе забрана за увоз на нафта од Русија.
