Ќе има големи стратешки загуби и човечки страдања, предупредува Турција
Tурција предупредува дека поради војната во Украина со години ќе трпиме последици.
Украинската криза продолжува да се продлабочува, а потрагата по нова рамнотежа на силите, заедно со пресметки за краткорочни придобивки, ќе предизвикаат на среден и на долг рок големи стратешки загуби и човечки страдања.
„Влеговме во нова ера на студена војна. Последиците од оваа војна ќе траат со децении“, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Турција при крајот на март беше домаќин на руско - украинските преговори. Турција е една од земјите која повика на брзо ставање крај на војната, но тоа не се случи. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Слично
