Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМ СЕ ПОМАТАТ СМЕТКИТЕ: Малезија стравува од последици ако Трамп воведе санкции за БРИКС

ЌЕ ИМ СЕ ПОМАТАТ СМЕТКИТЕ: Малезија стравува од последици ако Трамп воведе санкции за БРИКС

Maлезиските власти велат дека ако новиот американски претседател Доналд Трамп воведе санкции за БРИКС, тоа ќе значи дека ќе се загрози глобалното производство на полупроводници.

Тие би можеле да предизвикаат глобални нарушувања во синџирите на снабдување со полупроводници, предупреди малезискиот министер за трговија Тенгку Зафрул Азиз. САД се трет најголем трговски партнер на Малезија, а американските компании се најголеми инвеститори во полупроводничкиот сектор на државата, прецизира министерот. Малезија претставува 13 отсто од глобалниот удел во тестирање и пакување на чипови. Инаку земјата поднесе барање за членство во БРИКС, но засега сè уште не е примена. Министерот нагласи дека земјите на БРИКС разговараат за намалување на зависноста од доларот, но сè уште нема официјална одлука за конкретни мерки. Трамп се закани дека ако БРИКС формира нова валута, или го исфрли доларот, тој ќе преземе мерки. 

Коментирајќи ги заканите на Трамп дека ќе воведе царини на стоки од земјите на БРИКС доколку тие создадат сопствена валута или го напуштат доларот, Путин додал дека забраната и некористењето се различни работи.

Слично

Поврзани вести