ЌЕ ИМ ДАДЕ ПАРИ НА ЛУЃЕТО ЗА ДА ОДАТ ВО РЕСТОРАНИ: Ваква мерка воведе претседателот на Јужна Кореја
Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг ги повика граѓаните почесто да јадат во ресторани како дел од иницијативата за зголемување на домашната потрошувачка, објави неговиот кабинет.
Ли вчера вечерал во ресторан во центарот на Сеул со членови на неговиот персонал во обид да им даде поддршка на малите ресторани и локалните трговци кои се соочуваат со пад на потрошувачката, објави „Џонхап“.
„Лично се надевам дека граѓаните ќе ги посетат блиските ресторани за да ги поддржат овие бизниси, што пак ќе придонесе за заживување на локалната економија и ќе претставува чекор кон посветла иднина за Јужна Кореја“, рече Ли.
Оваа иницијатива се појави во време кога земјата се подготвува да дистрибуира еднократна финансиска помош за сите граѓани од 21 јули со цел да се поттикне потрошувачката.
Износот на помошта е речиси 100 евра по лице и варира во зависност од приходите на домаќинството.
Ли претходно им наложи на високите службеници да подготват мерки што ќе ги максимизираат ефектите од оваа исплата, што е дел од дополнителен буџет во рамките на поширок пакет економски стимулации.
foto EPA/JEON HEON-KYUN
