Ќе го купат житото од Украинците и ќе им помогнат на гладните во Африка
Луѓето кои гладуваат сепак ќе имаат доволно житарици за да се прехранат.
САД ќе купат жито од Украина за региони кои страдаат од глад. Станува збор за околу 150.000 метрички тони жито од Украина. Дека САД ќе помогнат најави Дејвид Бисли, шеф на Светската програма за храна на Обединетоте нации за Асошиетед прес.
Конечните дестинации за житото не се потврдени засега. Но, Африка има проблем со обезбедување на храна. Околу 22 милиони луѓе се гладни, а најпогодена поради сушите е Сомалија. Дождови немаше и во Кенија и Етиопија.
Вчера уште четири брода со прехранбени производи ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море, објави турското Министерство за одбрана. Турција е земјата која помагата за пренос на житото.
