ЌЕ ГИ ТУЖАМ ПЕТКОВ И ВАСИЛЕВ И ЌЕ ГИ ДОБИЈАМ НА СУД - се огласи Трифонов, не сака да го нарекуваат мафија
Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, се огласи на својот официјален фејсбук профил, откако доживеа серија критики и лоши зборови и од премиерот Кирил Петков, но и од неговиот доскорешен министер Радостин Василев.
„Денеска неколку пати слушнав дека јас сум мафијата. Тоа го кажаа премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и – не знам како да го дефинирам – Радостин Василев. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже се за секого, но мора да преземе одговорност за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги победам“, порача Трифонов.
