Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ГИ СНЕМА ХРВАТСКИТЕ ПРИМОРСКИ ГРАДОВИ: Eве како ќе изгледа Јадранот

ЌЕ ГИ СНЕМА ХРВАТСКИТЕ ПРИМОРСКИ ГРАДОВИ: Eве како ќе изгледа Јадранот

Според најоптимистичките предвидувања, светот до 2100 година  ќе биде потопол за 3 степени. 

Само пет години откако во официјалните предвидувања растот на морето од 1,5 метри се сметало за екстремна прогноза, наеднаш излегува дека и умерените предвидувања се неколку пати полоши од тоа. 

Еве што ќе се случи со јадранскиот брег и хрватските градови на море во случај на раст на морето од 9 метри, што е во склад со извештајот на PNAS - Proceedings of the National Academy of Sciences of the U.S.A. 

Со раст на нивото на морето од само еден или два метри, сите брегови на Јадранот ќе бидат поплавени. 

Во случај на пораст на нивото на морето од 9 метри, Трогир, како и половина од Солин, Каштел, Полјуд во Сплит, Диоклецијановата палата, Лоре, пристаништата, ќе бидат атракција за нуркачите. 

Во случај на пораст од четири метри, исчезнуваат Опузен, Метковиќ и Плоч, а Чапљина добива своја ривиера. Морето ќе ја поплави и Чапљина и ќе дојде на половина пат до Мостар. Земјоделството ќе биде уништетно, а ќе настрадаат и најнаселените делови на сите хрватски острови. 

Стариот град на Дубровник ќе биде под вода. Ќе настрадаат Цавтат и Купара. Задар со порастот на нивото на морето од 9 метри ќе исчезне. Тоа што нема да биде потопено, ќе биде уништено од големо невреме. 

Слично нешто ќе се случи и со Пула, а ќе страда и Истра. Раша повеќе нема да биде река, туку длабок морски залив. Ќе исчезнат Пореч, Врсар, Новиград и Ровињ, а Мотовун ќе биде град на море. 

Слично

Поврзани вести