Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАНЧЕВСКИ АМБИЦИОЗЕН: Ќе дочекаме ли укинување на роамингот со ЕУ до 2021?

МАНЧЕВСКИ АМБИЦИОЗЕН: Ќе дочекаме ли укинување на роамингот со ЕУ до 2021?

До 2021 е целта на Македонија да се укинат роаминг цените со Европската унија.

Ова го кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој вели дека мбицијата на владите во регионот и на Европската комисија за укинување на цените на роамингот до 2021.

„Направен е официјален план со што земјите од Западен Балкан бараат, но веќе имаме комуникација со ЕК, да постигнеме ниво на целосно укинување на цените за роаминг со земјите од ЕУ до 2021“- посочи министерот окарактеризирувајќи го планот како доста амбициозен.

 Манчевски во интервјуто за МИА потсетува дека е потпишан договорот за намалувње на цените на роамингот со Бугарија и до крајот на година ќе имаме конкретен план како ќе се одвива, со некоја поголема динамика отколку со останатите земји од ЕУ. А, со Грција веќе сме во фаза на утврдување на текстот на договорот кој треба да го потпишеме што е можно побрзо и да се подготви побрзо намалување со Грција отколку со остатокот од ЕУ.

Слично

Поврзани вести