Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе добијат ли К-15 и вработените во јавниот сектор?

Ќе добијат ли К-15 и вработените во јавниот сектор?
Работодавачите во приватниот сектор веќе имаат обврска да исплаќаат К-15, согласно колективниот договор постигнат со синдикатите, но за вработените во државната и јавната администрација за ваквата можност и натаму се преговара. Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, во интервју за Вечер, потврдува дека регрес за годишен одмор се договара и за јавниот сектор, но во согласност со буџетските средства со кои располага државата. Тој вели дека ССМ им стои на располагање и им нуди бесплатна правна заштита на работниците кои нема да добијат К-15. „Бидејќи Општиот колективен договор за стопанството, со кој се утврдува ова право, беше поврзан со овие анализи, навистина сметам дека нема да има проблеми во делот на исплатата. Самиот факт што во овој период веќе имаме исплата на над десетина илјади работници доволно зборува дека започна реализацијата на оваа активност“, вели Митревски.
Слично

Поврзани вести