Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЛИЧНА ОД БИТКОИНОТ: Дигитална рубља ќе се појави на пазарот на криптовалути

ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЛИЧНА ОД БИТКОИНОТ: Дигитална рубља ќе се појави на пазарот на криптовалути

Дигитална рубља на пазарот на криптовалути ќе се појави до крајот на годината. 

Истражувањата кои ги направил Центарот за истражување на финансиска технологија и дигитална економија „Сколково“, покажале дека скоро половина од испитаниците ја поддржуваат идејата за дигитализација на рубљата, а 40 отсто се против.

Централната банка на Русија ќе лансира прототип на дигиталната рубља до крајот на годинава, потврди денеска најголемата монетарна институција.

„Штотуку го објавивме извештајот за препораките заедно со концептот на дигиталната рубља“, изјавила првата заменичка на гувернерот на централната банка Олга Скоробогатова, на состанок од работната група на Одборот на финансискиот пазар, пренесува „Russia Today“.

За разлика од биткоинот, дигиталната рубља е проектирана така што го минимализира ризикот. Неа ќе ја издава државниот монетарен регулатор, а ќе биде поддржана од традиционалните пари. Биткоин во средата изгуби скоро третина од својата вредност.

Слично

Поврзани вести