Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе биде одлично ако потрошувачите се штитат со колективна тужба

Ќе биде одлично ако потрошувачите се штитат со колективна тужба

Од Организацијата на потрошувачи велат дека со измена на законската регулатива ќе се отвори можност за институтот „колективна тужба“ за поголема заштита на потрошувачите., што не е предвидена во постоечкиот Закон за парнична постапка.

Иако е предвидена во Законот за заштита на потрошувачи, без овластените тела што може да ја водат таа колективна заштита, истата во нашиот правен систем всушност е неприменлива.

Целта на овој инструмент е да се зајакне механизмот за колективна заштита на правата на потрошувачите не само во Македонија, туку во сите земји од регионов. За да се постигне тоа потребно е да се работи на информирање на јавноста со можностите што ги нуди оваа мерка.

Овој инструмент најмногу би нашол примена во случаи кога потрошувачите се оштетени со договори со нечесни клаузули во поглед на туристички патувања, договори за продажба вон деловни простории, онлајн продажба итн.


Слично

Поврзани вести