Ќе биде директорка на МЕПСО: Која е Ева Шуклева и што поседува
Два стана во скопје, куќа во Маврово каде има и земјиште и плус плац и земјиште во Херцег Нови има во имотниот лист на Ева Шуклева претседателка на Надзорниот обор на МЕПСО. Таа според последните информации, што ги објави Телма е предолжена да биде генерален директор на државната компанија за пренос на електрична енергија откако премиерот Зоран Заев предложи Сашо Василевски да биде разрешен од функцијата.
Шуклева стана претседател на НО на МЕПСО пред две години и беше на оваа функција се до денеска. Нејзиниот избор се очекува допрва, а во МЕПСО станува директорка заедно со промени и на позицијата финансиски директор. За ова место Владата го предлага новинарот и основач на Капитал, Љупчо Зиков.
Шуклева во имотниот лист доставен до Антикорупциска доставила известување дека поседува стан од 94 квадрати во Скопје како имот на брачен другар, стан од 64 метри квадратни на лично име и плус куќа во Маврово со површина од 80 метри квадратни метри која ја купила во 2014 година. Има и долгови во кредити, но и земјиште во Херцег нови кое го купила во 2009 година и земјиште во Маврово купено во 2013 година.
Шуклева кариерата ја почна во Електростопанство на Македонија, па работеше во ЕВН, од каде отиде во МЕПСО. Важи за голем познавач на работите во енергетиката.
