Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе бидат отворени осум премини, Косово и Албанија прават нова „административна целина“

Ќе бидат отворени осум премини, Косово и Албанија прават нова „административна целина“

Косово и Албанија склучија договор, и прават нова „административна целина“. 

Коха диторе пишува дека територијалната административна единица ќе биде 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово. За да се олесни сообраќајот ќе бидат отворени осум нови премини.

Резиденцијалните центри во пограничната област се дефинирани со протоколот за имплементација на тој договор, кој го потпишаа владите на Косово и Албанија на 26 ноември лани. 

На жителите на пограничната област ќе им биде дозволено преминување на копнената граница според режимот на локалниот пограничен сообраќај, под услов да поседуваат важечки документ за идентификација, да поседуваат дозвола за локален пограничен сообраќај, не подлежат на мерки за забрана на влегување на територијата на потписничките или не претставуваат закана по јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи.

„Има околу 300.000 жители кои ќе имаат директна корист од овие олеснувања. Тоа значи дека можат слободно да посетуваат училиште од основно до средно, во зависност од локацијата на образовната институција од двете страни на границата. Тие можат да одат на работа на двете страни на границата, без потреба од каков било документ или дозвола, значи целосно слободен промет“, кажа министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи.

Ова ќе помогне и за развој на стопанството.  Српските власти реагираа. Тие го прозваа Брисел.  Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, изјави дека од Брисел не може да се види ништо ефективно и посочи дека освен што ги премолчува плановите за формирање голема Албанија, молчи и за неисполнување на обврските на Приштина што произлегуваат од дијалогот.

„Можете да ги видите целото лицемерство и дволичноста кога се во прашање предизвиците со кои се соочува целиот Западен Балкан. Како што молчат на сите соопштенија за голема Албанија, така молчат и за вакви процеси, а како што можете да видите, Албанците и од двете страни на границата напорно работат на вакво зближување“, рече Селаковиќ.

За сѐ почестите обвинувања на официјален Белград дека „Србија работи на обединување со Република Српска“, Селаковиќ посочи дека Србија не го прави тоа и дека го почитува територијалниот интегритет на БиХ со РС, во согласност со Дејтонскиот договор.

Слично

Поврзани вести