Економија, финансии, бизнис

Контакт

Китанов: Наместо по 6 и 7 евра, Кичево-Охрид ќе се копа за 3,2 евра

Китанов: Наместо по 6 и 7 евра, Кичево-Охрид ќе се копа за 3,2 евра

Зоран Китанов, директорот на јавното претпријатие Државни Патишта, во денешното гостување во „Утрински брифинг“ рече дека 80 отсто од препроектирањата на автопатот Кичево-Охрид се завршени. Очекува во наредните два месеци интензивно да почне работата на пропратните проекти на овој автопат и да се удвои бројот на работници и градежни машини што работат на истиот за да биде пуштен во употреба во 2021.

- Таму ќе се тргне земја во некаде од осум до девет милиони метри кубни. Но ако пред тоа, во основиот проект, тоа што ми паѓа тешко, земјата се ископувала за 6 или 7 евра по метар кубен, сега се наплатува по 3,2 евра по метар кубен, рече Китанов.

Сепак, тој тврди дека уште оваа година ќе се пуштаат пократки делници од истиот автопат

- Ќе се пуштаат по 5, 10, 15 километри, но тие да бидат во целини, на пример од клучка до клучка, најавува директорот на Државни патишта.

Неговите прогнози велат дека најскапата автопатска делница во историјата на Македонија ќе била завршена многу порано, но корона-кризата предизвикала административни пречки, затоа што кинеските инвеститори биле во карантин, а градежниот факултет и министерствата работеле рестриктивно. 

Слично

Поврзани вести