Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кишињев е најевтин град во Европа, а знаете ли кој е втор?

Кишињев е најевтин град во Европа, а знаете ли кој е втор?
Главниот град на Молдавија Кишињев е најевтин град во Европа покажа листата изработена врз „Кост оф ливинг индекс“ („Индекс на трошоци на живот“) за 2014 година, што го изготвува Нумбео. На второто место, веднаш за молдавскиот главен град е - Скопје. Еве како дошле до овој заклучок, споредувајќи ги десетте најголеми евтини градови во Европа: 1. Кишињев, Молдавија - Кирија за еднособен стан во центарот чини 265 долари месечно, а во другите населби 165 долари. Вечера за двајца во ресторан чини 22 долари. Образованието во Кишињев е за околу 81 отсто поевтино отколку во Париз. 2. Скопје, Македонија - Ручек или вечера во ресторан чинат во просек 4,50 долари. Изнајмување еднособен стан излегува околу 325 долари месечно во центарот на градот, пресметале од Нумбео. 3. Киев, Украина - Изнајмување еднособен стан чини 330 долари. Платите се ниски – во просек 478 долари месечно, но и цените не се високи. 4. Софија, Бугарија - Киријата на еднособен стан во центарот на градот е 380 долари. Шише вино чини 5 долари, а едно пиво е еден долар. Просечната плата е 603 долари месечно. 5. Минск, Белорусија - Киријата за еднособен стан во центарот е 380 долари. Кутија цигари чини 2,71 долари. Единствениот минус е што времето е доста студено. Во лето е 18 Целзиусови степени. 6. Тирана, Албанија - Просечното изнајмување во централните делови е 380 долари за стан со една соба за спиење. Месечната карта за градски превоз чини 14 долари. Ручек во ресторан чини околу 7 долари. 7. Букурешт, Романија - Во центарот на градот еднособен стан чини 440 долари месечно. Во ресторан средна класа вечера чини 6 долари. Карта за градскиот транспорт за месец чини 15 долари. Просечната плата на луѓето е 400 долари. 8. Сараево, Босна и Херцеговина - Просечната цена на еднособен стан е 320 долари месечно во центарот и 185 долари во далечните населби. 9. Прага, Чешка - Еднособен стан чини во просек 617 долари, а во предградијата цените паѓаат до 440 долари. Ручекот во ресторан чини околу 5 долари, локалното пиво е 75 центи. 10. Варшава, Полска - Храната е многу евтина, како и цигарите и алкохолот. Кутија цигари е 4,50 долари, што за западните стандарди е многу ниско. Изнајмувањето стан во центарот чини во просек 488 долари.
Слично

Поврзани вести