Кирјакос Мицотакис се извинува ако имало слабости при справувањето со пожарите
Прв јас се извинувам за евентуалните слабости што постоеја, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава за ситуацијата со пожарите во земјата и најави дополнителна помош во висина од 500 милиони евра за овие две области, јави дописничката на МИА од Атина.
Вели дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека приоритет било да се спасат човечки животи и додаде дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении.
„Големината на катастрофата, особено на Евија и во Атика, ги оцрнува срцата на сите нас“, вели тој.Изјави дека тоа што беа спасени човечки животи се должи на целосните планови за евакуација и на професионалноста на цивилната заштита, на акцијата на полицијата и крајбрежната стража.
Слично
