Кириличен текст на банкнота од пет евра
Текст на кирилица ќе биде отпечатен на новата банкнота од пет евра, која во еврозоната ќе биде пуштена во оптек во мај, соопштила Бугарската народна банка.
Според соопштението на БНБ „со тој историски чин кирилицата влегува во употреба во еврозоната и се проширува влијанието на еврото како глобална валута“.
Така повеќе од преку 200-те милиони луѓе на светот што ја користат кирилицата, меѓу кои се и жителите на Бугарија како членка на Европската Унија, ќе можат на своето национално писмо да го прочитаат текстот напишан на банкнотата.
Слично
