Кирил Петков за идејата за „замрзнување“ на историската комисја: Политиката ја водат политичари, не експерти
„Политиката ја водат политичари, а не експерти, поставивме јасна политичка рамка na нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада. Исто така и колегите од Северна Македонија“, рече денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред вугарскиот парламент во врска со барањето на претседавачот на македонскиот дел од историскиот мешовит комитет проф.Драги Георгиев.
Една од идеите претходно што ги даде Георгиев беа да се замрзне работата на комисијата на 2 години, додека „да се опушти политичката атмосфера меѓу двете земји“.
Петков не се согласува со наводите на опозицијата дека во Скопје нема бугарски функционери за славење на150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
„Министерот за надворешни работи е многу високо ниво, а од нивната земја во заедничката делегација ќе биде министер за култура. Отсега натаму, министрите мора да се почитуваат како позиција. Тие не се нечиви како некое време“, објасни Петков.
