Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирил Петков: Секнувањето на гасот од Русија е рекет

Кирил Петков: Секнувањето на гасот од Русија е рекет

Бугарија ќе ги ревидира сите договори со Гаспром, а запирањето на гасот е груба повреда и уцена. Ние нема да подлегнуваме на таков рекет, бидејќи таквото дејство е недозволиво. Нема да има намалување на снабдувањето со гас лпм потрошувачите на кој било начин. Ова го изјави премиерот Кирил Петков на почетокот на владината седница. 

Тојј беше категоричен дека ќе се прегледаат сите договори со Гаспром, вклучително и оние за транзит, бидејќи „еднострана уцената е неприфатлива“.

- Министерството за енергетика има јасен акциски план, вклучувајќи алтернативи извори. Прекинувањето на гасот е грубо кршење на нивниот договор и уцена. Употребата на вондоговорен план за плаќање во рубли на трети лица, што не им ги гарантира ниту залихите ниту парите на Бугарите, рече премиерот.

Петков разговарал и со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека „прекинот на договорот меѓу Гаспром и Бугарија не е проблем само за Бугарија“.

Синоќа стана јасно дека снабдувањето со природен гас од Гаспром за Бугарија денеска ќе престане. Ова го објави Булгаргаз, повикувајќи се на писмо добиено од руската страна. Од бугарската гасна компанија велат дека во моментов не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачка во Бугарија. Во моментов сите испораки се гарантирани најмалку еден месец нанапред. 

Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубљи. Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките.



Слично

Поврзани вести