Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирил Пецаков: Ќе биде катастрофа ако плажите во Охрид втора година останат нерегулирани

Кирил Пецаков: Ќе биде катастрофа ако плажите во Охрид втора година останат нерегулирани

Доколку втора сезона по ред плажите во Охрид останат нерегулирани, тоа ќе биде катастрофално за туризмот, предупредува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, пишува Алсат.

Тој вели дека засега состојбата е статус кво, иако летото и туристичката сезона се на прагот.

„Плажите се дефинитивно еден од најголемите проблеми... ако летово на ист начин ги оставиме повеќето нерегулирани плажи, следната година можеби нема да бидеме во фокусот на многу туристи...“, рече Кирил Пецаков - градоначалник.

Пецаков ги обвинува државните институции на централно ниво за подготовка на планот за управување со охридското крајбрежје.

„Агенција за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски имаат поважни работи или ова не им е фокусот, ништо не се случува во овој период иако сме имале чести контакти“, изјави Кирил Пецаков – претседател на општината.

Од Министерството за транспорт велат дека во процедура е изработката на урбанистичкиот план во заштитеното подрачје на езерото.

„Овој предлог се однесува на површина од околу 750 хектари. Предлогот е испратен до Агенцијата за катастар, која е во завршна фаза на ажурирање на геодетските основи за планирање на просторот утврден со планскиот предлог. Имаше и јавен повик за изработка на Студија за оправдување на просторот“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Минатото лето не работеа охридските плажи на кои со години им беа раскинати договорите за концесија. Дел од објектите на нив се урнати, а дел затворени.

Градоначалникот Пецаков во ноември минатата година рече дека објектите не се дивоградби и предупреди дека ова прашање ќе се реши до април и плажите кои не функционираа минатата година повторно ќе бидат дадени со концесија.


Слично

Поврзани вести