Кирил Миноски седнува во директорската фотелја на УЈП
На негово место, во директорската фотелја од денеска седнува Кирил Миноски, досегашниот директор на Државниот пазарен инспекторат.
Од владата му се заблагодарија на Трајковски за досегашниот придонес во работењето на Управата за јавни приходи, за ангажманот во спроведувањето на владината програма, реформите и резултатите што ги постигнал а засега не откриваат која ќе биде неговата идна функција.
Горан Трајковски беше директор на УЈП од 2006 година, откако ВМРО ДПМНЕ е на власт. Ја наследи Петра Митева. Инаку, првиот даночник Горан Трајковски беше на челната позиција во скопската УЈП, кога на власт беше гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љубчо Георгиевски.
Реизборот на Директорската позиција во УЈП во август , според информациите бил дел од политичкиот договор во Пржино, за излез од политичката криза во која влезе Македонија, бидејќи името на Трајковски беше доста споменувано и во прислушуваните разговори што ги објавиваше опозицијата.
