Кирил Лазаров: Апасиев и Мицкоски се деструктивни, брзата помош на „Никоб“ спаси многу животи
Кирил Лазаров, сопственикот на „Никоб“, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица - Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се деструктувни личности кои вршат блокада на законските измени за здравствена заштита.
Опозицијата тврди дека со овие измени се прави обид да приватизирање на брзата помош, а без да споменува имиња, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски алудираше на приватната компанија во медицинскиот бизнис, „Никоб“, поврзувајќи ја со премиерот Зоран Заев.
- И Апасиев и Мицкоски се деструктвни личности, тие само кочат, ништо не предлагаат. Морам да ги искоментирам затоа што ќе излезе дека се во право. Ние пред две години решивме да инвестираме во приватна здравствена заштита во сектор кој беше запоставен, а тоа е примарната здравствена заштита, домашната посета е одамна укината, а брзата помош не може да постигне. Ние го направивме тоа како што треба, иако работиме во Скопје сепак услугата на транспорт на болни се дава на територија на државата. Почнавме со 10 возила, па набавивме уште пет. Инвестицијата е сериозна, околу 2 милиони евра, се вработија 180 доктори, спасивме многу животи за време на пандемијата. Очигледно дека ова им пречи на опозицијата поради некои нивни интереси, рече бизнисменот.
Лазаров вели дека пречки за работа на брзата помош на „Никоб“ нема ни сега според закон, но измените би биле добредојдени да се овозможи тимовите да излезат на терен наместо како сега да седат во ординациите.
Слично
