Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИРИИТЕ РАСТАТ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ПЛАТИТЕ: Експертите очекуваат овој тренд во Австрија да продолжи

КИРИИТЕ РАСТАТ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ПЛАТИТЕ: Експертите очекуваат овој тренд во Австрија да продолжи

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, поголемиот дел од кириите за станови во Австрија се зголемени повеќе од платите, се вели во анализата на институтот „Моментум“.

Од јануари 2020 година до денес, платите се зголемени во просек за 5,8 отсто, а кириите за 12,2 отсто, што е двојно повеќе од растот на месечните примања.

Експертите очекуваат дека овој тренд ќе продолжи и во наредната година.

Институтот моментум прогнозира дека кириите во просек ќе се зголемат за 15 проценти, а во одредени категории и до 24 проценти.

Од друга страна, заработката нема да расте со толку висок процент.

Затоа „Моментум“ препорачува Владата да донесе мерки за запирање на поскапувањето на кириите, кои можат да станат недостапни за граѓаните.

ФОТО: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Слично

Поврзани вести