Кире Наумов се збогува со министерството за економија
Кире Наумов денеска го одработи последниот ден како заменик-министер за економија и се поздрави со раководителот на ресорот Крешник Бектеши.
Наумов понатаму ќе биде ангажиран како директор на Македонска банка за обнова и развој. Кирил Колемишевски ќе биде неговата замена како помошник на Бектеши а за тоа треба да биде изгласан на тековната собраниска седница.
„Преку политиката се запознавме, заедничките обврски нѐ сплотија, пријателството ќе продолжи засекогаш!“, беше објавено од страна на Наумов и Бектеши на Фејсбук.
Тој беше назначен за заменик-министер во Министерството за економија од самиот почеток на формирањето на новата Влада.
Слично
