КИРЕ НАУМОВ: Нема да дозволиме неразумното трошење на Груевски да биде товар на идните генерации
Откако власта се испишмани и ја намали еврообврзницата од половина милијарда евра на 270 милиони евра, Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии и претседател на Комисија за финансии на СДСМ, изјави дека на овој начин се спречила неразумната политика на актуелната власт и нејзината навика на енормно задолжување.
„Издадена е четвртата еврообврница на износ од 250 милиони евра за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони евра строго наменски планирани за бегалската криза. СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош.”- рече Наумов на денешната прес-конференција.
Тој вели дека овие пари ќе бидат исплатени за на плати,пензии,социјална помош, субвенции
Меѓудругото порача дека со намалувањето на задолжувањето нема да дозволат, „неразумните и недомаќински политики на Груевски да бидат товар на идните генераци”.
Инаку, пред неколку недели министерството за финансии најави дека Македонија ќе се задолжи со еврообврзница од 500 милиони евра која ќе се враќа на 10 години. Но, потоа беше одлучено долгот да изнесува 270 милиони евра со рок на доставување од 5 години и камата од 5,125 отсто.
На крајот од прес-конференцијата, од опозициската СДСМ го повикаа премиерот Никола Груевски и неговата влада јавно да соопштат колкaв е јавниот долг на државата.
